Златан урива рекорди во МЛС-лигата

Ѕвездата на ЛА галакси, Златан Ибрахимовиќ, стана рекордер по заработка во МЛС-лигата според последните податоци на „ЕСПН“. Швеѓанецот е најплатен фудбалер во шампионатот на САД и Канада со 7,2 милиони долари годишна плата, урнувајќи го рекордот поставен минатата сезона од Себастијан Џовинко од 7,1 милиони долари како играч на Торонто.

Зад Ибрахимовиќ е неговиот клупски колега, Џовани Дос Сантос со годишна плата од 6,5 милиони долари, додека во топ 10 се најдоа Бастијан Швајнштајгер со 5,6 милиони долари и Вејн Руни со 3,5 милиони долари годишна заработка.

https://twitter.com/ESPNFC/status/1138916122407964672

Во својата дебитантска сезона преку Барата, Ибрахимовиќ постигна 22 погодоци и седум асистенции, додека оваа сезона во 12 меча реализира 11 гола, а со своите атрактивни потези и евроголови привлекува големо внимание

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести