Хрватската фудбалска репрезентација го имаше едно од најлошите настапи на големи натпреварувања, откако беше елиминирана во групната фаза на ЕП 2024. Коцкестите немаа среќа и примаа голови длабоко во судиското надополнување против Албанија и Италија и поради тие голови сега се елиминирани.
Иако ова е големо разочарување за Коцкестите, селекторот Златко Далиќ останува на кормилото.
„Далиќ е селектор и ќе остане селектор на Хрватска. Разговаравме и си подадовме рака“, рече претседателот на ХНС, Маријан Кустиќ.
Сега дилема е дали во репрезентативниот дрес ќе остане и капитенот Лука Модриќ.
„Се надевам дека ќе остане во тимот и дека ќе продолжи да ја носи капитенската лента и на мечевите од Лигата на нации, но и на Светското првенство во 2026 година. Лука сам ќе си одлучи. Верувам дека ќе остане, тоа навистина го посакувам“, додаде првиот човек на хрватскиот фудбал, кој потврди дека за неуспех го смета испаѓањето во групната фаза на ЕП.