Роберто Фирмино беше златниот џокер на Ливерпул и со неговиот гол во 75-тата минута, англискиот гигант најави победа против Интер во еден од дерби-дуелите во осминафиналната фаза во Лигата на шампионите.
Потоа на сцена стапи и златното момче на англискиот гигант Мохамед Салах со втор гол, што го нокаутира италијанскиот шампион.
Ливерпул победи со два гола постигнати во последните 15-тина минути од првиот осминафинален меч.
Фирмино влезе во игра на стартот од второто полувреме и половина час подоцна го начна Интер.
#UCL
Inter 0-1 Liverpool | GOAL! Firmino.Follow @IFAST29 To See Goals pic.twitter.com/2K0FdtdcNo
— UCLlive1 (@ULlive1) February 16, 2022
Салах во 83-тата минута потврди дека е ас број 1 во составот на Ливерпул и со нов погодок го доближи својот тим до четвртфиналето.
https://twitter.com/zi_53/status/1494065009063866372?s=20&t=1r8VvL1809GeTyF1-E-1AA
Изненадување не се случи во Салцбург, каде што популарните австриски бикови беа на прагот на победа против Баерн, но на крај мечот заврши нерешено, 1:1.
Кингсли Коман со гол во 90-тата минута го спаси германскиот гигант од пораз.
https://twitter.com/albiFCB7/status/1494066605114163200?s=20&t=1r8VvL1809GeTyF1-E-1AA
Стрелец на единствениот гол за Салцбург беше Јуниор Адаму во 21-вата минута, само 9 минути откако влезе во игра како замена за повредениот Окафор.
Реавншите ќе се играат на 8 март.