Личеше на малер ситуација за Салцбург, се претвори во џек-пот против Баерн (Видео)

Чиквубуике Адаму е стрелец на единствениот гол по првото полувреме на двата меча во Лигата на шампионите што се играат вечерва во осминафиналето.

Ситуацијата која личеше како малерозна за Салцбург, се претвори во вистински џек-пот, а 20-годишниот Адаму го постигна деби-голот во Лигата на шампионите, и тоа против гигантот Баерн.

Тој беше резерва, но влезе во 12-тата минута на местото на Окафор, кој се повреди.

Само 9 минути подоцна, Адаму ја погоди мрежата на германскиот првак.

 

Тоа е единствениот гол во Салцбург и Милано по првиот дел, со кој австрискиот првак води против Баерн со 1:0.

На „Џузепе Меаца“ Интер и Ливерпул го завршија првото полувреме без погодок.

 

- Оглас -

Најнови вести