Церемонијата на доделување на Златната топка годинава ќе се одржи во театарот „Шателе“ во Париз на 22 септември.
Овогодишната церемонија ќе се одржи еден месец порано од датумот на кој се одржуваше претходните неколку години.
Номинираните за индивидуалните награди ќе бидат објавени во првите две недели од август. Ќе бидат избрани 30-мина играчи од кои ќе може да се избере, при што 100 новинари ќе гласаат за победникот во машка конкуренција и 50 за победникот во женска конкуренција. Номинираните ќе бидат избрани врз основа на три критериуми – индивидуални перформанси, придонес за тимот и освоените трофеи, како и ферплеј.
За време на церемонијата во 2025 година за првпат ќе има целосна родова рамноправност, а сите машки награди ќе им бидат доделени и на жени. Лани фудбалер на годината во изборот на „Франс фудбал“ и УЕФА беше Шпанецот Родриго и тој избор предизвика многу контроверзии.