28.8 C
Skopje
вторник, 23 септември 2025

Златната топка на Дембеле не е добра за Франција, треба да ги радува Аргентинците и Шпанците

Актуелен освојувач на Златната топка досега никогаш не станал светски првак на наредниот Мундијал и оваа традиција практично ја отпишува Франција од трката за пехарот на Светското првенство во 2026 затоа што таму како актуелна Златна топка ќе биде Французинот Усман Дембеле.

Во делови од Шпанија постои разочарување што Ламин Јамал не ја доби наградата, но ако ја добиеше, тоа ќе значеше збогување на Шпанија од шансите да стане светски шампион, барем според досегашната традиција.

Интересно е дека по освоените Златни топки на Французите Мишел Платини во 1985 и Карим Бензема во октомври 2022 година, на СП по нивниот избор титулата ја освојуваше Аргентина, па Аргентинците посакуваат таа низа да продолжи и со Дембеле.

- Оглас -

Најнови вести