Лестер е големиот победник во денешното премиерлигашко попладне, бидејќи со пресврт и 2-1 го победи Вулверхемптон, па во трката за опстанок, Лисиците се најдоа на табелата пред Евертон и Нотингем форест кои не победија.
Евертон одигра 0-0 на гости кај Кристал Палас, додека Форест загуби 203 од Ливерпул. На тој меч на „Енфилд“, сите пет гола паднаа во второто полувреме, Шумарите изедначуваа на 1-1 и 2-2, но Мохамед Салах им донесе победа на Црвените со која остануваат со шанси за место во Лигата на шампионите (на седум кола до крај имаат шест бода помалку од четвртиот Њукасл кој има и меч помалку).
Головите за 2-2, и победничкиот за 3-2 за Ливерпул погледнете ги ТУКА.