Знаете ли кој е митскиот погодок за кој Пеле вели дека му е најубав во кариерата (Видео)

За многумина и ден денес Пеле е најдобриот фудбалер на сите времиња. Легендарниот Бразилец играл пред повеќе од половина век, но со своите потези, движења и голови останува да се памти и денеска. Пеле со Бразил стигна до три титули светски првак, а со неговиот Сантос шестпати беше првак на Бразил, а двапати се искачи и на светскиот клупски трон.

Во текот на целата кариера Пеле восхитувал со погодоците кои ги има постигнувано. Уште како 17-годишно момче беше дел од финалето на Мундијалот во 1958 година, кога Бразил со 5:2 го победи домаќинот Шведска. Пеле тогаш постигна еден од своите најубави голови во кариерата, која со финта наречена „сомбреро“ успеа да го помине противникот и да погоди.

Сепак, Пеле има откриено дека тоа не му е најубавиот гол во кариерата, иако сигурно е еден од најважните. За најубав гол го смета тој што го има дадено една година подоцна, односно во 1959 година, на дуелот против бразилскиот Хувентуд. За жал, снимка од тој меч нема затоа што во телевизиските архиви каде што се чувала снимката од тој погодок имало пожар и сè е уништено.

Погодокот е сличен како тој против Шведска во финалето од СП 1958 година, но ако против Шведска успеа да направи една „сомбреро“ финта, против Хувентуд,на тој начин успеал да помине двајца противнички играчи, плус голманот и потоа лесно со глава погодил во празната мрежа.

Сите кои во живо го следеле тој меч или биле дел до него, потврдуваат за мајсторството на Пеле, а потоа била направена анимација и реконструкција на тој погодок. Погледнете како изгледал најубавиот гол на Пеле во кариерата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести