Знаете ли колку често Роналдо промашува пенали?

Јувентус успеа да е пласира во финалето на Купот на Италија, иако синоќа на свој терен одигра без голови против Милан. Старата дама оди во финалето благодарение на ремито со погодоци од првата средба (1:1).

Иако го оствари посакуваното, во Јувентус не треба да се задоволни од прикажаното. Кристијано Роналдо промаши пенал, а повеќе од 70 минути гостите играа со фудбалер помалку по исклучувањето на Ребиќ. Сепак, Јувентус не успеа да го скрши отпорот на Росонерите.

Роналдо кој три месеци ставаше фотографии како тренира и вежба во домашни услови, промаши пенал, што е само втор за него откако е дојден во Јувентус. Претходно во дресот на Старата дама промаши пенал н амечот против Киево во јануари 2019 година.

Интересна статистика вели дека Роналдо промашува само по еден пенал во годината. Последните четири пенали кои не ги реализирал се во четири различни години. Ако се оди по тој терк, тоа значи дека Кристијано до крајот на 2020 година нема да промашни ниту еден друг удар од белата точка.

 

- Оглас -

Најнови вести