Рестартот во италијански стил – Јувентус и Милан се мачеа, Старата дама ќе игра куп-финале (Видео)

Јувентус и Милан со меч без голови означија рестарт на фудбалот во Италија, а резултатот и договара на Старата дама, која ќе игра финале во Купот на Италија.

Почна возбудливо во премиерниот меч по пауза од три и пол месеци, а Кристијано Роналдо промаши пенал во 17. минута за Јувентус. Во продолжението на акцијата, Анте Ребиќ со карате удар го нокаутира Данило и веднаш беше исклучен, по што спласнаа амбиците на Милан за подвиг.

Мечот продолжи во италијански стил, без многу шанси и без голови, резултат што му одговара на Јувентус. Ремито 1:1 на првиот меч испадна клучно, па при израмнет вкупен резултат во двомечот, правилото за постигнат гол на гости ја одведе Старата дама во финалето.

Утре од 21 часот Елиф Елмас и Наполи ќе се обидат да го елиминираат Интер на „Сан Паоло“ отако првиот меч го добија со 1:0.

Финалето ќе се игра на 17. јуни на „Олимпико“ во Рим.

- Оглас -

Најнови вести