
Неколку стотици македонски навивачи се во салата во Хернинг и ќе дадат поддршка на нашата ракометна репрезентација на дуелот против Португалија. Сите фанови се „обоени“ во црвено и жолто, боите на македонското знаме.
Освен знамињата на Македонија, дел од фановите имаат и знамиња со сонцето од Вергина, а некои од симпатизерите на нашата селекција имаа проблем кога требаше да влезат во салата.
Редарите не дозволуваат во салата да се веат знамиња со сонцето од Вергина, што не е прв пат да имаме ваков проблем на големите ракометни натпреварувања. Сепак, дел од навивачите најдоа начин да ги внесат и „забранетите“ знамиња и сигурно повторно ќе ги има во салата.

