Сергеј Миленковиќ-Савиќ во следната сезона најверојатно ќе го облече дресот на Реал Мадрид, најавуваат шпанските медиуми. Според пишувањата, трансферот на играчот на Лацио во каталонскиот гигант е се поизвесен и треба да се случи летово.
Реал Мадрид е подготвен да плати 70 милиони евра за Миленковиќ-Савиќ, кој би бил опција за наследник на искусниот хрватски интернационалец Лука Модриќ.