Зомер: Не е Италија во криза, туку ние одигравме многу добро

Голманот на Интер Милано и на швајцарската репрезентација, Јан Зомер, ја коментираше победата на неговиот национален тим над Италија во осминафиналето на ЕП 2024 и го сподели своето интересно мислење за нивото на Аѕурите.

„Одигравме одлично против голем тим, многу сум среќен. Беше многу тешко за Италија, бидејќи бевме многу агресивни и добро ја контролиравме топката. Дали италијанскиот фудбал е во криза? Мислам дека не е. Италија е одличен тим, но ние одигравме многу добро“, рече Зомер.

Интересно е дека при сите седум голови на Швајцарија на ЕП 2024, учествуваа играчи на Болоња. Три голови дадоа членови на болоњезите, а при другите четири гола асистенти беа играчи на Болоња.

Претходниот пат кога играч од Серија А ја елиминирал Италија од големо натпреварување, беше Кореецот Јунг Хван Aн на СП во 2002 година. После Мундијалот, Ан беше избркан од Перуџа за која играше во тоа време.

Сега тешко дека Болоња ќе го отпушти или продаде Ремо Фројлер, но којзнае, преодниот рок завршува за два месеци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести