Зошто Бензема секогаш игра со завој на десната рака?

Повеќе од една деценија Карим Бензема носејќи го дресот на Реал Мадрид се промовираше во еден од најдобрите голгетери на денешницата. Со преку 350 погодоци во кариерата, Бензема успеа да ги осви сите најзначајни трофеи на клупски план, а по заминувањето на Кристијано Роналдо се промовираше во лидер на нападот на Кралскиот клуб.

Во последните две години, Бензема доби еден вид нов имиџ додека е на теренот, а тоа е бандажираната десна дланка. Многумина се прашуваат зошто Бензема во овие две години, секогаш носи завој на раката, а одоговорот може да се најде во тоа што се случи во јануари 2019 година.

На дуелот против Бетис, Бензема го скрши малото прсте на десната рака и требаше да прави операција.

Сепак, Французинот никогаш не замина на операција и реши да продолжи да игра со завој. Во јуни 2019 година, по направените лекарски прегледи било потврдено дека Бензема може да игра и со „скршен прст“, па во последните две години речиси и да не може да се види Бензема без завој на раката.

Една од ретките фотографии на кои може да се забележи како изгледа малиот прст на Бензема е направена пред една година додека бил во друштво со една девојка.

 

- Оглас -

Најнови вести