Зошто да не – Елмас да биде најдобар млад играч на ЕП со коефициент 25 во Sport Life

Sport Life понуди мал милион игри за Европското првенство во новото издание на билтенот, а секако како се ближи почетокот на шампионатот ќе има дополнувања и уште многу најразлични комбинации на кои ќе можете да се обложувате.

Една од нив на која веќе од денеска може да се игра, а се наоѓа и во билтенот за овој викенд е типот кој ќе биде најдобар млад играч на Европското првенство.

Прв фаворит е Фил Фоден, англискиот репрезентативец од Манчестер сити со квота 4.00, а во Топ-20 листата на Sport Life се наоѓа и македонскиот фудбалски дијамант Елиф Елмас.

Елмас е на 17. место во понудата со коефициент од 25 што е примамливо за обложување. Како игра во последно време зошто да не и да го добие признанието за најдобар млад играч во Европа.

Интересно е што во понудата на Sport Life има уште еден фудбалер со македонско потекло, но тој се одлучи да игра за земјата во која е роден.

Се работи за Дејан Кулушевски, а за шведскиот репрезентативец коефициентот е 8.00.

Во богатата понуда на Sport Life има и долга листа за потенцијалниот најдобар играч на турнирот. Тука во друштво на големите европски асови е и Горан Пандев со коефициент од 150 што е најдобра позиција во конкуренција на четири наши репрезентативци што се во понудата.

Елиф Елмас е зад Пандев со квота 200, а понудата за Енис Барди и Аријан Адеми да бидат МВП на Европското првенство е со квота 250.

Прв фаворит е францускиот ас Килијан Мбапе со 7 коефициент.

 

- Оглас -

Најнови вести