Зошто стравуваат Англичаните? Ги напумпаа платите до плафон, економ во Шампионат лигата месечно зема 6.000 евра

Најплатениот економ во Шампионат лигата, што е втора по ранг во Англија, има годишна плата од 65 илјади евра, открива „Дејли мејл“ по спроведената анкета во која учествуваа голем дел од клубовите.

„Има податоци кои ќе ве фрапираат и затоа е стравот на клубовите дали ќе можат да ги издржат економските последици од кризата со ковид-19“, пишуваат новинарите на „Дејли мејл“.

Најплатениот играч во Шампионат лигата заработува 3,54 милиони фунти, а и најдоброплатениот менаџер е тука некаде со годишна плата од 3,46 милиони евра. Се претпоставува дека се работи за Марсело Бјелса, кој му е тренер на Езџан Алиоски во Лидс.

Одлични плати имаат и фитнес-тренерите, а врв е годишната плата од 282 илјади евра на годишно ниво. Најслабо платени се економите, но и тука во споредба со останатите земји, платите се одлични.

Најдоброплатениот човек во Шампионат лигата што се грижи за опремата на играчите има годишна плата од 65 илјади евра. Одлично за економ, кој заработува повеќе пари од играчите барем во половина фудбалски првенства во Европа.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести