Зверев играл со 38 температура!

Александер Зверев го заврши настапот на ОП на Франција во осминафиналето, каде што претпре пораз од Јаник Синер со 3-1 во сетови. Финалистот од гренслемот во САД очигледно не беше на потребното ниво, а по мечот излезе дека играл со покачена температура од 38 степени.

Неговата состојба во вклучи алармот на Ролан Гарос со претпоставки дека можеби се работи за корона-вирус, но Зверев се надева дека тоа не е случајот.

„Воопшто не требаше да играм, бев настинат и по мечот со Чекинато. Не можам нормално да дишам, а имав и грозница. Не сум во најдобра физичка форма и тоа влијаеше врз мојот настап. Се надевам дека не се работи за корона-вирус, веројатно ја префатив настинката од мојот физиотерапевт, кој беше болен пред две недели, но неговиот тест за ковид-19 беше негативен“, истакна Зверев.

Германецот потврди дека целиот негов тим имал негативни тестови за корона-вирус, но, за секој случај, повторно сите ќе се тестираат за да се отстрани паниката.

- Оглас -

Најнови вести