Зверев си „ќари“ нов топ модел додека е под истрага од АТП за злоставување (ФОТО)

Александар Зверев кој е под истрага од АТП поради наводно злоставување на својата поранешна девојка, Олга Шарипова, си пронајде нова љубов.

Станува збор за германскиот топ модел, Софија Томалија, која редовно ги полни насловните страници на магазините.

Очигледно на Софија не и пречи тоа што Зверев е под истрага, и во моментов се заедно во САД, каде што популарниот Саша се подготвува за настап на Индијан Велс.

Интересно е што овој модел, претходно беше девојка на голманот Лорис Кариус.

Се уште не е познато кога ќе бидат објавени деталите од истрагата против Зверев, кој, според зборовите на неговата поранешна девојка, се обидел да и ја удри главата од ѕид, но, и да ја загуши со перница во хотел во Њујорк.

- Оглас -

Најнови вести