Ѕверот од Суринам е опасен по живот – Ги нокаутира противниците за помалку од 30 секунди (Видео)

Суринамскиот Ултимејт фајт борец Жаирзињо Розенстрајк повторно приреди спектакуларно блиц-криг шоу и третпат по ред нокаутира противник за помлаку од половина минута.

На популарната УФЦ 282 претстава Розенстрајк тргна како фурија против Крис Даукас и со серија удари го нокаутира за само 23 секунди.

https://twitter.com/LaSueur_off/status/1601763161270804481?s=20&t=vKFl5Fhk4LgW7IS3xv8vlQ

Претходно за само 9 секунди го збриша од октагонот Ален Краудер, а по таа борба, а пред нокаутот за Даукас ноќеска го декласира и Андреј Арловски во нерамноправна битка што траеше само 29 секунди.

Розенстрајк со тоа стана првиот Ултимејт фајтер во историјата што нокуатирал тројца ривали по ред за помалку од 30 секунди.

Главната борба ноќеска беше меѓу Јан Блаховиц и Магомед Анкалаев и заврши нерешено, што предизвика бура од реакции.

Никој не го доби шампионскиот појас за испразнетото место на тронот во полутешка категорија, а грото од експертите и љубителите на УФЦ сметаат дека Анкалаев е оштетен и дека требало да победи.

- Оглас -

Најнови вести