Заврши ждрепката за фудбалската Лига на шампионите која од сезонава ќе има нов формат.
Веќе објавивме како помина ждрепката за клубовите од првиот шешир, а стана јасно против кои ривали ќе се сретнат и македонските фудбалери, како и белградска Црвена ѕвезда како единствен клуб од нашето соседство.
Динамо Загреб на Стефан Ристовски и Аријан Адеми ќе игра дома со Борусија, Милан, Селтик и Монако, а ќе им гостува на Баерн, Арсенал, Салцбург, Слован Братислава.
Жирона на Бојан Миовски оди на Ливерпул, ПСЖ, Арсенал, Милан, Феенорд, ПСВ, Слован и Штурм.
Лајпциг, за којшто игра Елиф Елмас ќе има дуели со Ливерпул, Интер, Јувентус, Атлетико, Спортинг, Селтик, Астон вила и Штурм.
Црвена ѕвезда која има доста навивачи во Македонија, ќе игра со Барселона, Интер, Бенфика, Милан, ПСВ, Јанг бојс, Штутгарт и Монако. За српскиот првак интересно е дека двапати ќе гостува во Милано, а дома игра со Барса, Бенфика, ПСВ и Штутгарт.