6027 Бетис – Нотингам ф. (21.00 часот)
Со оглед на тоа дека ова се два тима од топ лигите, имаат големи амбиции во Лигата на Европа. Во минатата сезона Бетис играше финале во Конференциската лига, а Шумарите по пауза од дури 30 сезони се враќаат во Европа. Форест лошо ја почна сезонава во Премиер лигата, има серија од четири меча без победа во лигата, а ако се смета и Лига купот, веќе на пет средби едноподруго немаат победа. Бетис викендов го победи Сосиедад и подготвен влегува во битка.
Предлог тип: 1Х & ГГ (2.35)
6028 Црвена ѕвезда – Селтик (21.00 часот)
Ова се два тима кои посакуваа да играат во Лигата на шампионите, но изненадувачки беа елиминирани во плејофот за влез во елитата. Ова се два поранешни европски прваци, клубови со богата традиција и многу фанови, а и приближно ист квалитет. Ѕвезда викендов славеше во големото белградско дерби, а Црвено-белите имаат серија од седум меча по ред на кои и даваат и примаат гол. Селтик од април не загубил официјален меч во 90 минути игра.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.88)
6029 Динамо З. – Фенербахче (21.00)
Динамо директно влезе во Лигата на Европа, додека Фенер местото го избори откако испадна во плејофот за ЛШ. По разделбата со тренерот Мурињо, Фенербахче нема пораз, но ова ќе им биде најсилен тест во ерата на Тедеско. Кај гостите суспендиран е Талиска, а двата тима имаат по неколку повредени. Модрите од Загреб пред четири дена триумфираа во Сплит во најголемото хрватско дерби. Делува дека кај овој пар најреално е средбата да заврши нерешено.
Предлог тип: Х било кога (1.82)
6023 Ница – Рома (21.00 часот)
Рома се специјализира за победи и порази од 0-1 во Серија А, такви им се последните четири резултати. Ница е тим кој од 12-ти април наваму нема одиграно нерешено, а викендов загубија убедливо од Брест во француската лига. Римската Волчица е во супер расположение откако пред три дена го доби градското дерби против Лацио. Иако ќе отсуствуваат Дибала, Бејли, Зјолковски, сепак Рома е благ фаворит на хартија против Ница, која нема да смета на Ндомбеле.
Предлог тип: 2 (2.30)
1309 Атлетико М. – Рајо Ваљекано (21.30 часот)
Атлетико лошо ја отвори сезонава во Ла Лига и со еден меч помалку има дури 12 бода помалку од Реал Мадрид, со кого ќе се сретне за неколку дена. Атлетико има четири меча по ред без пораз, а Рајо има четири меча по ред без победа. Кај Јорганџиите ќе го нема суспендираниот Сорлот. Иако не се во посакуваната форма, домашните се огромни фаворити и чудо би било да не победат. И традицијата е на страната на Атлетико, Рајо 26 години нема добиено лигашки меч на гости против пославниот градски ривал.
Предлог тип: 1 & 1+I &1+II (2.50)