Манчестер јунајтед се подготвува за ново засилување во офанзивата следното лето. Според англиските медиуми, на радарот на Црвените ѓаволи е Ентони Гордон, еден од најексплозивните играчи на Њукасл.
Јунајтед покажува сериозен интерес за 24-годишниот Англичанец, разгледувајќи го како една од главните опции за засилување на нападот.
Овој развој на настаните дополнително ја загрева ситуацијата околу Бењамин Шешко, кој не ги оправда очекувањата по доаѓањето во Манчестер јунајтед. Словенечкиот напаѓач беше доведен со големи амбиции, но неговите настапи не ја оправдаа довербата и вложувањата на клубот.
Токму поради тоа, Манчестер јунајтед бара играч кој може да донесе енергија, агресивност и голови, а Ентони Гордон совршено се вклопува во овој профил. Неговата брзина, директност и работна етика веќе го направија еден од клучните играчи на Њукасл.
Трансферната вредност на Ентони Гордон се проценува на над 100 милиони евра. Јунајтед е свесен дека овој евентуален трансфер ќе биде скап, но верува дека Гордон е играч кој може да направи револуција на „Олд Трафорд“.

