Црвена ѕвезда одвај да го победи Раднички во Ниш во меч од српската Суперлига со 2-1, иако гостите од Белград половина час имаа човек повеќе на теренот во „Чаир“, а во завршните минути имаа и двајца играчи плус.
Раднички држеше 0-0 благодарение на феноменалниот голман, а во 60-та минута Камерунецот Јамкам доби црвен картон, па нишлиите се најдоа во уште понезгодна ситуација. Ѕвезда преку Пешиќ поведе во 69-та минута, а шокот за белграѓани дојде само пет минути подоцна кога Марјановиќ даде гол за 1-1.
Во третата минута од судиското продолжение, уште еден играч на Раднички од Камерун беше исклучен, а Пешиќ во 97-ма минута го постигна својот втор гол, овојпат за триумф на гостите.