Црвена ѕвезда го победи Виртус Болоња со 90-89 во супер драматичен меч кој беше решен во последниот напад во кој Едвардс кој даде 29 поени за тимот од Болоња, утна шут за три поени и втора победа на Виртус во Белград во неколку дена откако лесно го победија Партизан.
За Црвено-белите ова беше 10-та победа сезонава во Евролигата, а имаат и седум порази, исто како и Монако, Реал Мадрид и Жалгирис.
Огромна драма вечерва имаше во Барселона, каде Барса и Басконија одиграа меч за паметење со три продолженија. На крај се радуваа Каталонците со 134-124 откако гостите во последното продолжение од пет минути дадоа само два поени. Кевин Пантер беше јунак на средбата со 43 поени.

