Ѕвездата на Баерн Минхен: Ова нема логика, Роберт ја заслужи Златната топка (ВИДЕО)

Сè уште не стивнуваат реакциите околу тоа кој треба да биде освојувачот на Златната топка.

Голем дел од фудбалерите, а особено соиграчите на Роберт Левандовски од Баерн Минхен сметаат дека тој во понеделникот практично бил ограбен.

Интересно видео се појави на интернет, во кое говори неговиот соиграч Алфонсо Дејвис за сето тоа што се случуваше во понеделникот.

„Едноставно, немам коментар за тоа што се случи во понеделникот бидејќи не сакам некого да навредам.

 Роберт ја заслужи Златната топка и ако не ја освои за оваа година, тогаш требаше да му ја дадат за минатата година.

Едноставно, нема логика во сето ова што се случи“, кажа Дејвис.

- Оглас -

Најнови вести