Италијанскиот плејмејкер Николо Барела е пред трансфер во Њукасл, најавуваат англиски медиуми.
Чавките испратиле понуда до Интер од 50 милиони фунти и наводно потписот на Барела е веќе договорена работа. Њукасл во следната сезона ќе игра и во Лигата на шампионите, а планира летово да купи двајца играчи за врска, од кои едниот веројатно е Барела, кој неодамна играше финале во ЛШ.