Ѕвездата на Минесота полуде по елиминацијата од Денвер и се соочува со затворска казна

Младата ѕвезда на Минесота тимбервулвс, Ентони Едвардс, се соочува со затворска казна од 18 месеци поради напад на две жени веднаш по елиминацијата на неговиот тим од Денвер нагетс во плејофот.

Едвардс лут по поразот до 112:109, кој значеше елиминација на Минесота, додека одеше кон соблекувалната, фрли столче кон трибините и тоа го фатија камерите. Полицијата објави дека две жени биле повредени од испадот на Едвардс, како и дека кошаркарот не смеел да го напушти Денвер сè додека не дадел исказ во полициска станица.

„Свесни сме за наводниот инцидент на Ентони Едвардс по петтиот натпревар во Денвер и моментно собираме дополнителни информации. Засега немаме коментар“, стои во соопштението на Минесота.

Едвардс е обвинет за напад од трет степен, кој според законот во сојузната држава Колорадо, ако обвинетиот е прогласен за виновен, тогаш ќе биде казнет до 1.000 долари парично или со затворска казна до 18 месеци.

Ентони Едвардс беше прв избор на драфтот во 2020 година, а во плејоф-серијата против Денвер имаше просек од 31,6 поени, 5 скока и 5,2 асистенции по натпревар.

- Оглас -

Најнови вести