Ѕвездата на Вест хем му подари дрес на млад навивач кој претходно му го вети Рашфорд (видео)

Деклан Рајс, фудбалерот на Вест хем и на англиската репрезентација, по победата на неговиот тим над Манчестер јунајтед (1:0) направи потег кој наиде на воодушевување кај англиската јавност.

Рајс беше најдобар играч на натпреварот, а по натпреварот, додека го напушташе теренот, виде млад навивач на Чеканите кој плачеше. Откако го виде тажниот навивач, Рајс застана и го прегрна, а тој го замоли да му го даде дресот.

„Дресот му го ветив на Маркус Рашфорд и токму ова им го реков на многу навивачи при излегување од тернеот, затоа немој да им го покажуваш“, се пошегува Рајс, по што го соблече дресот и му го подари на младиот навивач.

- Оглас -

Најнови вести