Кинсли Волански е девојката која стана планетарно позната по својот „настап“ во финалето на Лигата на шампионите. Убавата девојка успеа да втрча на теренот во Мадрид додека играа Ливерпул и Тотенхем. Овој нејзин потег, според многумина, го одбележа целото финале во ЛШ, па дури ги засени и играчите. Втрчувањето на Кинсли може да го погледнете ТУКА.
Кинсли е девојка на Витали Здороветски, кој е познат по снимањето клипчиња во вид на скриена камера и постирање на Youtube. И Витали има искуство со втрчување на терен и прекинување на натпревари, а сега и неговата девојка ја внесе во овој „бизнис“.
Покрај неколкуте успешни обиди и прекинати важни спортски настани, Витали и Кинсли доживеаја неуспех во Бразил. Тие отпатувале во Рио де Жанеиро со цел да го прекинат финалето од Копа Америка. Знаејќи дека може да бидат препознаени, двајцата се маскирале за да може да влезат на стадионот.
И покрај направениот план за втрчување на теренот, тие не успеаја да ја „освојат“ легендарната „Маракана“.
„Признавам дека Копа Америка нѐ победи, но ние имавме одлична авантура. Бевме во Бразил се маскиравме. Успеавме да влеземе на трибините. Со Витали се обидовме да влеземе на терен, но не успеавме бидејќи обезбедувањето успеа да нѐ сопре. Наместо на терен, завршивме во затвор, но сега уживаме во Бразил“, откри Кинсли.
https://www.instagram.com/p/Bzq5YFSpBqH/?utm_source=ig_web_copy_link