Ѕвездите на Ливерпул се божиќен подарок за учениците во локално училиште (видео)

Ливерпул ќе го пречека Божиќ на врвот на табелата во Премиер лигата, па ѕвездите на „црвените“ во празнично расположение решија да ги изненадат учениците од едно локално училиште во Ливерпул.

Присуството на Салах, Шаќири и Робертсон беше вистински божиќен подарок за учениците, имаа можност да ги запознаат нивните идоли.

Еден ученик имаше храброст да каже дека е навивач на Евертон, па искрено кажа дека Ричарлисон е негов омилен играч и дека е подобар од „фараонот“, а сето тоа го слушна Салах. Секако, нема простор за лутење, особено не за Божиќ, секој има право да навива за кого сака.

- Оглас -

Најнови вести