Звучи неверојатно: Фенербахче сака да го донесе најголемото засилување во историјата на лигата

Медиумите во Турција утрово пренесоа помалку неверојатна вест, дека Фенербахче е подготвен во своите редови да го доведе еден од најдобрите фудбалери во изминатава декада, Кевин де Брујне од Манчестер сити.

Белгискиот репрезентативец е еден од главните играчи во успесите на Манчестер сити, тим во кој пристигна до 2015 година и досега одигра 397 меча, а постигна 104 голови. Со Граѓаните се радуваше на шест титули во Премиер лигата, два ФА купа, пет трофеи во Лига купот, два во Комјунити шилд и еден во Лигата на шампиони.

Според весникот „фанатик“, Фенербахче има направено план како да го реализира најголемиот трансфер во историјата на турското првенство и да го доведе Де Брујне. Мисијата ја води спортскиот директор на Фенербахче Марио Бранка, кој треба да контактира со фудбалерот и неговиот менаџер.

Ќе биде пеколно тешко да се договори Де Брујне да дојде во Фенербахче, посебно ако се знае дека тој моментално во Сити добива неделна плата од 400.000 фунти и е еден од најдоброплатените фудбалери не само во Англија, туку и во светот.

 

- Оглас -

Најнови вести