Шахтар – Аталанта (Лига на шампиони, 18.55 часот)
Простор за калкулации веќе нема, а има варијанта и двете екипи да не одат понатаму. Шахтар е во предност и во одредена варијанта и реми му носи пласман во нокаут-фазата, ако Динамо Загреб не успее да го победи комтониот Манчестер сити.
Сепак, се работи за Лигата на шампионите и еден кикс може да биде кобен, па и двете екипи мораат да играат за да победат.
Шахтар го има комплетниот тим на располагање, а гостите имаат проблеми. Двајца клучни играчи, Бразилецот Толои и Колумбиецот Запата нема да играат, а третиот важен играч Јосип Иличиќ е неизвесен.
И двете екипи играат офанзивно и очекуваме голови во мрежата и на домаќините и на гостите.
Предлог тип: ГГ&3+ (1.68)
Пари Сен Жермен – Галатасарај (Лига на шампиони, 21 часот)
Галатасарај има многу проблеми со повреди на играчите, но и шанса да презими во Европа ако ја забележи првата победа во фазата по групи во последното коло.
Навидум мисијата на турскиот клуб е тешка, но не е невозможна бидејќи ПСЖ и со пораз ќе биде прв и ќе биде носител при ждрепката во понеделник за нокаут-фазата.
Бабел, Фегули, Андоне, Бујук и Луиндама нема да играат за гостите, што е хендикеп и ако се мери квалитетот на двете екипи во ваква ситуација, ПСЖ би требало лесно да победи.
Но, прашање е за каков тим ќе се одлучи Томас Тухел бидејќи ПСЖ за три дена има дерби во Лига 1 против Сент Етјен. Нема да играат Кимпембе и Гвеје, а неизвесен е и настапот на Верати и на Кавани.
За ПСЖ ова е ревијален меч, а за Галатасарај со победа и успех на Реал Мадрид против Бриж би бил тикет за настап во Лигата на Европа.
Предлог тип: ГГ (1.90)
Бриж – Реал Мадрид (Лига на шампиони, 21 часот)
И овој меч одлучува само за едниот тим, а Бриж со победа ќе игра во Лигата на Европа. Белгијците беа на прагот на големо изненадување на првиот меч во Мадрид, но прокоцкаа предност од 2:0 и забележаа нерешен резултат, 2:2.
Сега играат за останување во еврокуповите, а шансата е да продолжат во Лигата на Европа. Реал нема никаков императив и секако ќе ја заврши оваа фаза како второпласиран тим во групата.
Зинедин Зидан одлучи дел од првотимците да не играат бидејќи Реал за три дена има тешко гостување на „Месталја“ кај Валенсија во меч од шпанското првенство.
Против Бриж вечерва нема да играат Рамос и Крос, а надвор од редовите се и Азар, Марсело, Родригес, Лукас, а од поодамна и Асенсио.
Првиот меч меѓу овие две екипи беше одличен и ефикасен, а очекуваме реприза и вечерва на стадионот „Јан Брејдел“ во Бриж.
Предлог тип: ГГ (1.53)
Баер Леверкузен – Јувентус (Лига на шампиони, 21 часот)
Јувентус секако ќе биде прв во групата Д, а мотивот е само да не се дозволи ниту еден пораз во конкуренција на Баер, Атлетико Мадрид и Локомотив Москва.
И Маурицио Сари ќе калкулира со составот, а последните натпревари од фазата по групи во Лигата на шампионите се исклучително тешки за типување. Фаворитите немаат посебни мотиви, а реално послабите екипи од нив бијат битка за опстанок во Европа.
Таков ќе биде и мечот на „Бај арената“ вечерва. Баер со победа има теоретски шанси да продолжи во ЛШ ако Атлетико дома не го победи Локомотив.
Јувентус ќе игра ревијален меч, Баер ќе се надева на подвиг, па и тука ќе типуваме дека ќе има голови на двете страни.
Предлог тип: ГГ&3+ (1.98)
Виган – Вест Бромич албион (Шампионат лига, 20.45 часот)
Вест Бромич албион со победа ќе се врати на врвот во Шампионат лигата, а избраниците на Славен Билиќ играат извонредно и со Лидс се главни фаворити за промоција во премиерлигаши.
Гостите имаат одлилна серија од 10 меча без пораз, од нив 8 победи и две нерешени. И вечерва во дуел на некогашните прволигаши се фаворити против Виган.
Домаќините се во страшен пад и имаат само една победа на последните 10 меча, што е најслаб учинок во Шампионат лигата. Лани го победија ВБА во ситуација кога ривалот биеше битка за директен пласман во Премиер лигата.
Време е за реванш и за победа на Вест Бромич албион, кој игра во топ-форма и има шанса повторно да биде лидер, пред Лидс.
Предлог тип: 2 (1.65)
Во стандардната дневна шема на Sport Life со специјални коефициенти можете да ги одиграте овие три натпревари:
Динамо Загреб – Манчестер сити (Лига на шампиони, 18.55 часот)
Предлог тип: 2&T2 3+ (2.80)
Баерн Минхен – Тотенхем (Лига на шампиони, 21 часот)
Предлог тип: 1&ГГ (2.40)
Бриж – Реал Мадрид (Лига на шампиони, 21 часот)
Предлог тип: Х2&2-4 гола (2.20)