Барселона со 4:2 славеше во Прага против Спарта во седмото коло од Лигата на шампионите за голема радост и задоволство на навивачите на гостите. Едни од најпостојаните фанови на Барселона, посебно на гостински терен, се една група Македонци, па така беше и овојпат.
Десетици Македонци кои се големи симпатизери на каталонскиот гигант беа на трибините на стадионот во Прага и се радуваа, а на трибините стоеја македонските знамиња и препознатливиот транспарент „Фан клуб Струмица“.


