Џенова и Сампдорија со реми ќе ја најават јубилејната стотка

Мајнц – Борусија Дортмунд (Бундеслига, Германија, 15.30 часот)

На Борусија ќе и недостасува моторот на тимот Аксел Витсел, но „милионерите“ немаат поинаков избор освен победа, ако сакаат да задржат приклучок со водечкиот тандем Борусија Менхенгладбах и Лајпциг во трката за есенската титула.

Мајнц блеска под палката на новиот тренер Ахим Бајерлорцер. Тренерот што доби отказ во Келн и го наследи Сандро Шварц одлично почна во новиот клуб и има две важни победи против фаворитите Хофенхајм и Ајнтрахт и потоа пораз од Аугсбург во неизвесен меч.

Мајнц и Борусија по правило играат ефикасни меѓусебни натпревари. Позицијата на табелата не им дозоволува да калкулираат, па ќе типуваме дека ќе има минимум три гола на „Опел арена“ и дека и двајцата голмани ќе ја вадат топката од својата мрежа.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.73)

 

Реал Сосиедад – Барселона (Ла Лига, Шпанија 16 часот)

Аноета порано беше многу незгоден терен за гостување на сите шпански прволигаши, вклучувајќи ја и Барселона. Каталонците немаа победа на 8 меча по ред во сан Себастијан во периодот од 2011 до 2017 година, кога го прекинаа постот со триумф од 1:0 во меч од шпанскиот куп. И интересно оттогаш немаат пшораз на легендарниот стадион на три меча по ред.

Преки ноќ некако Барса стана непобедлив ривал за Реал Сосиедад и серијата е 7 триумфи по ред во меѓусебните дуели. И сега гостите се фаворити, но сезонава и Сосиедад игра одлично и може да и создаде многу проблеми на Барса.

Кај домаќините во составот ќе ги нема Илјарименди и веројатно Зурутуза и Елустондо, а кај Барса познато е дека нема да игра Дембеле и веројатно и Алба и Семедо.

На пет од последните шест меѓусебни дуели и двете екипи постигнуваа гол, па нашиот избор и тука ќе биде Гол-гол.

Предлог тип: ГГ (1.59)

 

Шефилд јунајтед – Астон Вила (Премиерлига, Англија 16 часот)

Двете екипи што лани станаа прволигаши во Англија за првпат по пауза од 12 години ќе играат меѓусебен меч во Премиерлигата.

Шефилд подобро се снајде во елитното друштво, игра одлично и е во горната половина на табелата со 22 бода од 16 натпревари. Францускиот интернационалец Лис Мусет се наметна како еден од најдобрите напаѓачи во првиот дел од сезоната во англиското првенство со учинок од пет гола и три асистенции.

Шефилд игра допадлив фудбал, а лани покажа дека му лежи играта на Астон Вила и освои четири од можните шест бода во двата меча со денешниот ривал.

На Астон Вила многу и недостасува Тами Абрахам, кој лани беше најзаслужен за кам-бекот на тимот во Премиерлигата со 25 постигнати голови. Тој се врати во Челзи, а Бразилецот Весли засега не успева комплетно да го замени, иако постигна 4 гола досега.

Проблем за Вила е што прима многу голови, а ќе треба да ја прекине серијата од три меча без пораз кај цврстиот тим на Шефилд.

Традицијата во нивните дуели покажува дека на пет од последните шест натпревари се треселе мрежите на двата тима, па ќе типуваме нов меч со Гол-гол.

Предлог тип: ГГ (1.70)

 

Ним – Нант (Лига 1, Франција 20 часот)

Ним има црна серија од 10 меча без победа и се најде во опасната зона за испаѓање. Влатко Стојановски има мала минутажа, а не му оди во прилог и лошата позиција на табелата на неговиот нов клуб. Можно е да добие шанса да игра, но поверојатно е дека ќе почне повторно како резерва.

Нант игра одлично во првиот дел од сезоната и е на петтото место со 25 бода, Популарните канаринци во финишот на ланската сезона се разделија со тренерот Вахид Халилхоџиќ, но Кристијан Гуркуф одлично го замени на клупата и има добри резултати со Нант.

Проблем за гостите е што не им лежи играат на Ним и на последните пет меча не успеваа да го победат денешниот ривал. Ним ќе мора да игра без исклучените Пакес и Волс, кај Нант се отсутни Фабио и Коко, па некако се чини дека ремито е најреален исход.

Предлог тип: Х (3.05)

 

Џенова – Сампдорија (Серија А, Италија 20.45 часот)

На ред е 99. дерби „Дела Лантерна“, а градот Џенова денеска ќе биде само во знакот на фудбалот. Џенова е најстариот клуб во Италија со 126-годишна историја, за разлика од Сампдорија која е формирана по војната и е клуб со најкус стаж во Серија А.

Интересно е што Сампдорија има повеќе успех во дерби мечевите и досега на 98 натпревари има 38 победи и 24 порази против Џенова во сите конкуренции. Во Серија А ќе им биде 73. меч, а Џенова ја очекува 19. победа во Калчото, додека Самп се надева на 28. успех.

Горан Пандев нема да игра поради исклучувањето на мечот со Лече, исто како и Акудело, а проблем е што отсутен ќе биде и Кваме.

Дербито е значајно во Италија, особено секако во градот Џенова, двете екипи се борат за опстанок и веројатно ќе сакаат победа, но ремито е накако најреален исход.

Предлог тип: Х (3.15)

 

 

Во стандардната дневна понуда на обложувалниците на Sport Life со единствени коефицинети можете да ги одиграте овие три меча:

Ливерпул – Ватфорд (Премиерлига, Англија 13.30 часот)

Предлог тип: Т1 3-5 гола (2.10)

Реал Сосиедад – Барселона (Ла Лига, Шпанија, 16 часот)

Предлог тип: Х2&3+ (2.00)

Наполи – Парма (Серија А, Италија 18 часот)

Предлог тип: 1-1& 2-5 гола (2.70)

 

- Оглас -

Најнови вести