Бундеслигашко дерби во Дортмунд со шарм од Лигата на шампионите

Вердер – Мајнц (Бундеслига, 18.30 часот)

Вердер имаше тежок распоред во последните пет кола и не помина добро, односно забележа само една победа и четири порази. Изненадувачки беше неуспехот против Падерборн откако го победија Волфсбург, а потоа ги декласира Баерн со 6:1.

Тимот од Бремен има многу проблеми со повреди на играчите, па и вечерва дел од првотимците нема да играат или нивниот настап е неизвесен.

Мајнц е единствената екипа во Бундеслигата без реми во досегашните 15 кола, а билансот со новиот тренер Аким Бајерлорцер им е 2 победи и 2 порази.

Во минатото Мајнц воопшто не играше лошо на „Везер“ против Вердер и има неколку победи како гостин. Овој меч е исклучително значаен за двете екипи кои се блиску до опасната зона за испаѓање.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.74)

 

Аугсбург – Фортуна Дизелдорф (Бундеслига, 20.30 часот)

Аугсбург фати одличен ритам и има 4 победи и едно реми во последните пет кола во германското првенство. Има и убава шанса да ја продолжи серијата против Фортуна, екипа што е во слаба форма.

Тимот од Дизелдорф е во лоша серија од пет меча без победа, во која прими дури 16 голови. Тренерот Фридхелм Функел е познат по добрата дефанзива, но Фортуна во ноември и декември не личи на ланскиот состав, што беше пријатно изненадување и без проблем се избори за опстанок.

Многу е интересен податокот дека во Бундеслигата досега меѓу себе двете екипи одиграа четири меча и на сите победи гостинската екипа.

Аугсбург ќе се обиде да ја урне традицијата, има поквалитетен состав, но тука се чини подобро е да се одигра на голови.

Предлог тип: 1+I&1+II (1.52)

 

Борусија Дортмунд – Лајпциг (Бундеслига, 20.30 часот)

Борусија Дортмунд ќе се обиде да го сопре лидерот Лајпциг, кој во моментов игра веројатно најдобар фудбал во Бундеслигата. Гостите имаат шест победи по ред и еден голем проблем, никој не ги сака во Германија.

Тоа е најмногу поради спонзорот „Ред Бул“, па постојано има транспаренти против Лајпциг на сите стадиони во Германија.

Тоа не ги загрижува многу избраниците на Јулијан Нагелсман, кои сигурно газат и стигнаа и до врвот на табелата во домашното првенство, а успешно ја минаа и фазата по групи во Лигата на шампионите.

Борусија има добар биланс против Лајпциг, а многу ќе им недостасува моторот на тимот Аксел Вицел. Белгиецот се повреди и нема да игра.

Двете екипи се меѓу најефикасните во Бундеслигата, играат отворен и атрактивен фудбал, а интересно е што имаат еднаков број примени голови, по 13. Вечерва очекуваме таа бројка малку да се покачи на двете страни.

Предлог тип: ГГ&4+ (2.38)

 

Унион Берлин – Хофенхајм (Бундеслига, 20.30 часот)

Хофенхајм игра многу лошо во финишот на годината и има низа од четири меча без победа. Избраниците на Алфред Шредер изгледаа безидејно против Аугсбург, а голем проблем им е дефанзивата. Примија 13 гола на последните четири меча, што во просек е над три по натпревар.

Унион ги надмина почетните маки со прилагодување на Бундеслигата во дебитантското учество и нанижа неколку значајни победи против фаворитите. Веројатно ни самите не очекуваа да освојат 20 бода во првите 15 кола, а ако и вечерва победат, можат да ја завршат полусезоната во топ-10.

Хофенхајм има малку подобар тим, но имињата не играат, а проблем за нив ќе биде фантастичната атмосфера во Берлин и секако многу мотивираниот домаќин, кој ја игра историската прва сезона како Бундеслигаш.

Предлог тип: 1Х&2+ (1.70)

 

Жалгирис – Анадолу Ефес (Евролига, 19 часот)

Лидерот во Евролигата гостува во Каунас, во некогашната речиси непробојна тврдина на Жалгирис. Сезонава литванскиот тим игра слабо и има само 3 победи на претпоследното место.

И на домашен терен имаат скромен учинок од две победи и шест порази, па и во таа категорија се претпоследни, само пред Зенит.

Вечерва ќе им гостува актуелниот лидер и лански финалист, Ефес. Шејн Ларкин е во топ-форма и одлично на терен ги предводи соиграчите. Имаат 11 победи и само два порази и се во многу подобра форма од Жалгирис, па и имаат поквалитетен тим.

Предлог тип: 2 (1.53)

 

Во дневната понуда со специјални коефициенти во Sport Life денеска можете да ги одиграте овие натпревари:

Вердер – Мајнц (Бундеслига, 18.30 часот)

Предлог тип: 1Х&2-4 гола (2.10)

Борусија Дортмунд – Лајпциг (Бундеслига, 20.30 часот)

Предлог тип: Т12+&ГГ (2.25)

Монако – Лил (Куп Франција, 21.05)

Предлог тип: 1Х&T1 2+ (2.45)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести