Мамузите се најостри кога гостин им е Бруклин

Тре Јанг (Атланта хоукс – Јута џез, НБА 01.30 часот)

Бекот на Атланта е единствената светла точка кај последнопласираниот тим во Источната конференција, игра одлично, но не може сè сам. Имаше добра поддршка од Џабари Паркер, но и тој во последно време игра скромно, па Хоукс имаат серија од пет порази по ред и најслаб ефект на Истокот од 6 победи и 22 порази.

Атланта со нетрпение го чека камбекот на суспендираниот Зак Колинс, кој нема да игра уште два меча, па повторно и ноќеска против Јута главен адут за евентуален подвиг ќе им биде Јанг. Има просек од 28,3 поени, што е четвртиот најдобар ефект во НБА-лигата. Ќе типуваме дека Тре ќе го задржи добриот ритам и ќе постигне повеќе од 26 поени.

Предлог тип: > 26.5 поени (1.87)

 

Донован Мичел (Атланта хоукс – Јута џез, НБА 01.30 часот)

Ноќеска ќе биде многу интересен дуелот на двајца млади бекови, Донован Мичел против Тре Јанг. И двајцата се во топ-20 кошаркари во НБА според просекот на поени по меч, а Јанг е четврторангиран, за разлика од Мичел, кој е на позицијата со број 12 со просек од 25,2 поени.

Јута игра добра сезона, но има една мана, не игра добро на гостински терен. Билансот кога гостуваат им е 5-8 и тој сегмент мора да се подобри ако сакаат Џезерите да бидат сериозен кандидат за титулата. Имаат одлично избалансиран тим, а прва ѕвезда им е токму Мичел.

На последните шест меча 23-годишниот бек блеска и просекот му е 27,5 поени, што е одлично и за најсилната кошаркарска лига на светот. Јута има добра шанса да го победи против грогираниот, а типуваме дека Мичел ќе постигне над 27 поени.

Предлог тип: >27.5 поени (1.87)

 

Бојан Богдановиќ (Атланта хоукс – Јута џез, НБА 01.30 часот)

Хрватот одлично се снаоѓа во тимот на Јута и е втор стрелец зад Мичел. Заедно на минатиот меч станаа првиот тандем на Јута во оваа декада што постигнал над 30 поени на ист меч.

Богдановиќ е искусен кошаркар, што е многу значаен во мозаикот на Џез, особено во нападот. На последните два меча блескаше со 32 поени против Голден стејт и 30-ка против Орландо. Во тој ранг е и екипата на Атланта хоукс, која прима многу кошеви и игра слабо во дефанзивата, што му одговара на ниското крило на Јута.

Очекуваме ефикасен меч меѓу Атланта и Јута и учинок на Богдановиќ повисок од 22 поени.

Предлог тип: >22.5 поени (1.87)

 

Јанис Адетокумбо (Милвоки бакс – Лос Анџелес лејкерс, НБА 02 часот)

Ризично е да се типува контра вториот најефикасен кошаркар во НБА-лигата, но ноќеска ќе се игра големото дерби, или како што го најавуваат во САД, претпремиерата на очекуваното финале меѓу Милвоки и Лејкерс.

Двете екипи се извонредни и со биланс од по 24 победи и 4 порази израмнети на врвот. Јанис повторно има спектакуларна сезона со просек од 31,7 поени, што го става на второто место во НБА, зад Џејмс Харден, но очекуваме дербито да биде малку поинаков меч од останатите.

Лејкерс имаат високи играчи што можат квалитетно да му се спротивстават на Јанис. Тука се Двајт Хауард и Ентони Дејвис, двајца одлични дефанзивци. Ќе им помага и Леброн Џејмс, а на гостите им е јасно дека ако го сопрат Адетокумбо, ќе бидат многу блиску до победата. На Милвоки ќе му недостасува бекот Ерик Бледсо, што е хендикеп за Бакс, па многу работи ноќеска ќе зависат од Јанис и од Крис Мидлтон.

Ризично е, но ќе типуваме дека Адетокумбо нема да ја мине границата од 33 поени.

Предлог тип: <33.5 поени (1.87)

 

Сан Антонио спарс – Бруклин нетс (НБА, 02.30 часот)

Двете екипи минуваат низ интересен период и како раритет во кошарката заедно имаат 5 од последните шест меча што се одлучуваа во продолженија.

Спарс наредија неверојатна серија со 4 „иксови“, што веројатно е една од најдолгите такви секвенции во историјата на НБА-лигата. Добија три од нив во дополнителното време, а за малку ќе имаа и петка нерешени, со коефициенти што се многу големи. Го загубија последниот меч од Хјустон со 109:107 откако прокоцкаа предност од 25 поени.

Бруклин доаѓа во Тексас со победа во Њу Орлеанс, за чудо по продолженија. Тоа е сигнал за похрабрите и сега да се типува „нула“ во регуларниот дел со коефициент 14 во обложувалниците на Sport Life.

Сепак, Брукин има еден голем проблем кога гостува во Сан Антонио, каде што има 16 порази по ред, или вкупно 42 на 46 одиграни натпревари. Нетс не победиле во „AT&T центарот“ од 2002 година. Сан Антонио има фантастичен процент од 91,3 успеси на домашен терен против Бруклин, највисок за некогашниот шампион против која било екипа во НБА-лигата.

Предлог тип: 1 (1.67)

 

- Оглас -

Најнови вести