Белорусија – Србија (ЕП ракомет, 18.15 часот)
По долго време Белорусија е фаворит на големо натпреварување против Србија. Белорусите имаат поискусен состав што го предводи одличниот пикер Каралек, а и тимовите од оваа земја подобро котираат од српските на евросцената.
Србија има дузина одлични ракометари кои играат во силни европски клубови, но најчесто самите себеси си се најголеми противници. Со години не им функционираат најдобро односите на релација Сојуз-селектори-ракометари.
И сега пред ЕП беше отпуштен асистентот на Ненад Перуничиќ, Недељко Јовановиќ, и повторно имаше заткулисни игри и обвинувања.
Белорусија игра брз ракомет, а Србија има квалитет да одговори, па очекуваме ефикасна премиера на ЕП денеска и ќе типуваме дека Орлите ќе успеат да постигнат повеќе од 27 гола.
Предлог тип: Т2>27.5 гола (2.00) Квота на денот во Sport Life
Шпанија – Летонија (ЕП ракомет, 20.30 часот)
Шпанија е ракометна велесила со мнногу трофеи и е апсолутен фаворит против Летонија, но цениме дека разликата во квалитетот не е 11 или повеќе голови во корист на Црвената фурија.
Ракометот се пробива брзо и во земји што немаат голема традиција, како што е примерот на Летонија. Го имаат вардарецот Криштопанс, кој има европска титула со македонскиот шампион и уште неколку ракометари што играат во солидни европски клубови.
Летонците одиграа одлични квалификации, ја победија и Словенија дома, што покажува дека сериозно напредуваат. Во група со гигантите Шпанија и Германија можеби и немаат којзнае какви шанси за пласман во следниот круг, но типуваме дека нема да загубат со повеќе од 10 голови разлика.
Предлог тип: 2 хендикеп 10.5 (2.00)
Трикала – Ламија (Грчки куп, 18.30 часот)
Трикала одлично гази во третата фудбалска лига на Грција и моментно е лидер по 14 кола, со големи шанси за промоција во повисок ранг на натпревари. На седум меча што досега ги одиграа на домашен терен, примија само три гола, па и денеска ќе се обидат со добра дефанзива да стигнат до поволен резултат за реваншот.
Ламија е прволигаш и е фаворит во двомечот за пласман во четвртфиналето на грчкиот клуб, но нема да им биде лесно на „Мунисипал“ во Трикала.
Играат одлично во најсилниот ранг на натпревари во Грција и имаат шанса дури и да учествуваат во Суперлигата што ќе се формира од шестте најдобри екипи во регуларниот дел.
Фокусот на двете екипи е да се обезбеди што подобра позиција во домашните шампионати, па се очекува тврд меч. И традицијата потврдува дека кога играат Трикала и Ламија, нема многу голови и досега на четири меѓусебни дуели секогаш било од 0-2 гола.
Предлог тип: 0-2 гола (1.56)
Барселона – Атлетико Мадрид (Шпански Суперкуп, 20 часот)
Во Џеда вечерва ќе се игра второто полуфинале во шпанскиот Суперкуп, а Реал го чека победникот во битката за пехарот.
Барселона и Атлетико си имаат традиција да играат натпревари со малку голови, а такви беа и последните пет, со 0-2 гола.
Сепак, вечерва ќе се игра еден поинаков меч меѓу екипи што се одлични и сезонава во Шпанија. Трофејот во Суперкупот, особено во овој формат не е којзнае колку значаен и патот во Саудиска Арабија е исклучиво заради понудените пари, што и го призна тоа тренерот на Барса, Валверде.
Очекуваме да се игра порелаксирано и со многу повеќе голови од претходните меѓусебни дуели на Барса и Атлетико.
Предлог тип: 3+ (1.96)
Торино – Џенова (Италијански куп, 21.15 часот)
Торино е во предност бидејќи има многу покомотна позиција во Серија А од Џенова, па може со сите сили да атакува на победа и на пласман во четврт-финалето на наципналниот Куп на Италија.
Џенова бие грчевита битка за опстанок во Калчото и се чини дека Купот им е во втор план. Торино е физички многу силна екипа и на Џенова не ѝ одговара да влезе во сериозна битка со биковите.
Горан Пандев и соиграчите имаат главна цел, а тоа е да се избори опстанок во Серија А. Патем, Џенова има нов тренер, па и за Давиде Никола приоритет е Џенова да биде член на Калчото и следната сезона.
Предлог тип: 1 (1.70)