Борнмут – Ватфорд (Премиерлига, 15 часот)
Еди Хау има големи главоболки како да го состави тимот, а во Борнмут е вистинска болница со многу повредени играчи. Шестмина сигурно нема да играат против Ватфорд, тројца се дополнително неизвесни за настап, па домаќините имаат големи проблеми.
Сепак, ако сакаат да играат во Премиерлигата и следната сезона не смеат да губат бодови против ривалите за опстанок. Ватфорд им е конкурент, а и двете екипи се наоѓаат во зоната за опстанок, па ги очекува тежок дуел.
На последните четири меча дури трипати ремизираа, па можеби и денеска “иксот“ е најреален, но ќе му додадеме и единица, пред се заради фактот што Ватфорд сезонава е вториот најлош тим кога игра на гостински терен. Имаат само една победа со лоша гол-разлика од 6:20, па иако и Борнмут не блеска дома ќе типуваме дека домаќинот нема да загуби.
Предлог тип: 1Х (1.46)
Фиорентина – Спал (Серија А, 15 часот)
Џузепе Јакини имаше солиден старт на клупата на Фиорентина и само секунди го делеа од комплетен успех против Болоња. Вилотеовите водеа со 1:0 до 94. минута кога Орсолини израмни и ја спаси Болоња од пораз, а ја остави Фиорентина во серија од 8 меча без триумф во Калчото.
Денеска двократниот италијански првак има зицер за прекин на црната серија, бидејќи на гости му доаѓа најслабиот тим во Серија А.
Спал има дури 12 порази и е последен на табелата со 12 бода. Досега во четири меѓусебни натпревари не ја победил Фиорентина и ќе типуваме чист кец.
Предлог тип: 1 (1.52)
Торино – Болоња (Серија А, 15 часот)
Торино и Болоња се во солидна форма, играат напаѓачки фудбал, а се уште се памети ланскиот жесток дуел кога Болоња славеше со 3:2 на гостински терен. Имаше и голови и црвени картони, па и сега се очекува машка игра и ефикасен меч.
Според ефикасноста и двете екипи се во горниот дел на табелата, а и според бодовите не се далеку од местата што водат во еврокуповите.
Бодовите се значајни, стилот е офанзивен и на двете екипи, па очекуваме да се тресат мрежите и на Скорупски и на Сиригу.
Предлог тип: ГГ (1.76)
Астон Вила – Манчестер сити (Премиерлига, 17.30 часот)
Шампионот Манчестер сити има убава шанса да го смени Лестер на втората позиција во Премиерлигата, а за тоа им треба победа против ривал со кого во последно време лесно излегуваат на крај.
Популарните граѓани се без пораз од Вила на последните седум меѓусебни дуели, а билансот им е шест победи и едно реми.
И денеска се големи фаворити и очекуваат сигурна победа во Бирмингем. Астон Вила има многу проблеми со повреди на играчите, а во минатото коло и шпицот Весли го повреди коленото и нема да игра.
Домаќините ќе се обидат да му се спротивстават на шампионот, на последните два меѓусебни дуели успеваа да одиграат нерешено на полувреме, но потоа беа декласирани со 4:0 и 3:0. Слично сценарио очекуваме и денеска.
Предлог тип: 2&2>1 (2.22)
Реал Мадрид – Атлетико Мадрид (Суперкуп Шпанија, 19 часот)
Мадридското дерби ќе му донесе историски трофеј на победникот, бидејќи шпанскиот Суперкуп за првпат се игра во формат со 4 екипи и надвор од Шпанија.
Реал лесно се справи со Валенсија во полуфиналето, а голем потстрек за Атлетико ќе биде начинот на кој ја победија Барселона.
Двете екипи играа меѓусебе сезонава и тоа на „Ванда Метрополитано“ на 28. септември, а мечот заврши без победник и без голови. Реал беше подобар на тој меч, но затоа само еден месец претходно во меч од Интерконтиненталниот куп беше декласиран од Атлетико со 7:3. И тој меч се играше надвор од Шпанија, во САД и „јорганџиите“ изгледаа перфектно, па неочекувано лесно и убедливо го надиграа и победија кралскиот клуб.
Сепак, сезонава Реал импресионира со брзата трансформација, а тоа го покажа и против Атлетико, само еден месец подоцна, откако беше декласиран со 7:3.
Нешто слично се случи и на дуелот со Барселона, кога „кралевите“ беа речиси прежалени, но одиграа многу подобро од ривалот на „Камп Ноу“, иако не победија.
Двете екипи знаат да одиграат тврд меч, овде сепак се работи за трофеј, а според нас Реал е во подобра форма и е поблиску до победа во Џеда.
Предлог тип: 1Х&0-3 гола (1.77)
Во стандардната понуда со специјални квоти на денот во Sport Life можете да ги одиграте следните три натпревари:
Астон Вила – Манчестер сити (Премиерлига, 17.30 часот)
Предлог тип: 2&Т2 3+ (1.70)
Рома – Јувентус (Серија А, 20.45 часот)
Предлог тип: Х2&2-4 гола (2.12)
Пари Сен Жермен – Монако (Лига 1, 21 часот)
Предлог тип: 1-1&2-5 гола (2.50)