Ризеспор – Генчлербирлиги (Суперлига, Турција, 18 часот)
Ризеспор има два порази по ред на домашен терен и вечерва ќе биде посебно инспириран да не дозволи и третиот гостин по ред да ги освои бодовите.
Домаќините се фаворити според коефициентите во Sport Life, но на гости им доаѓа незгоден тим. Генчлербирлиги е единствениот состав во Турција во досегашниот дел од сезоната што на сите гостински мечеви постигнал барем еден погодок. Одиграа 8 меча и постигнаа вкупно 16 голови.
Во составот го имаат опасниот стрелец Богдан Станчу, кој е на делба на третото место на листата со најдобри стрелци. Романецот има 11 голови и е во друштво на нашиот Адис Јаховиќ и на репрезентативецот на Косово, Ведат Муричи.
За Генчлер нема да играат Чифчи и Пехливан, коишто беа исклучени на претходниот меч со Бешикташ, па Ризеспор има предност.
Предлог тип: 1Х&ГГ (2.25)
Јонг Ајакс – Дордрехт (Ерсте дивизија, Холандија, 20 часот)
Младите момци на Ајакс имаат шанса со победа да се вратат на врвот во Втората холандска лига, а гостин вечерва ќе им биде фенерџијата Дордрехт.
Домашниот тим е најефикасен во лигата со 54 гола на 21 меч, а Дордрехт ја има најслабата одбрана со 52 примени гола, или во просек околу 2,5 по меч.
Двете екипи имаат убава традиција на ефикасни меѓусебни дуели и последните пет без исклучок завршуваа со 3+. Последните три беа ултраефикасни со две седумки и победи на Јонг Ајакс од 5:2 и една шестка со реми 3:3.
Овој меч е како погоден за мераклиите на голови кои сакаат да типуваат 7+, а ние ќе избереме нешто посигурна варијанта.
Предлог тип: ГГ&4+ (1.85)
Јонг Утрехт – Рода (Ерсте дивизија, Холандија, 20 часот)
Рода ја игра втората сезона како второлигаш откако преклани по вторпат во клупската историја испадна од популарната Ередивизија, или најслиниот фудбалски ранг на натпреварување во Холандија.
Поради административни проблеми, сезонава ја почнаа со минус од три бода, а проблемите се таложат. Во 2017 година популарните Рудари ги купи Алексеј Коротаев, руски бизнисмен, и со себе го доведе легендарниот Никола Анелка. Но радоста во Керкраде траеше кратко бидејќи Коротаев беше притворен во Дубаи истата година, а Анелка си замина.
Потоа имаа проблеми и со следниот „газда“ Маурисио Гарсија де ла Вега, кој беше избркан од стадионот од навивачите на дуелот со Де Графшап.
Тоа покажува дека некогашниот стабилен прволигаш е во големи проблеми, а хаосот ќе се обидат да го искористат талентите на Утрехт, коишто играат одлично на домашен терен. Имаат пет победи и само еден пораз со четири ремија, а ние ќе типуваме дека ќе ја забележат и шестата победа на свој терен.
Предлог тип: 1 (2.45)
Аталанта – СПАЛ (Серија А, Италија, 20.45 часот)
Двете екипи имаат малку меѓусебни мечеви, а Аталанта е нешто поуспешна со две победи, еден пораз и две нерешени средби.
Според формата и квалитетот, не е спорно дека тимот од Бергамо е голем фаворит. На Аталанта ѝ требаат бодовите за да се врати на делба на четвртата позиција со Рома. Тоа е последното место што води во Лигата на шампионите, натпреварување во кое сезонава дебитира фудбалскиот хит од Италија.
СПАЛ е последен во Серија А и го чека исцрпувачка битка за опстанок. Во многу фудбалски категории сезонава е најлош во Калчото, а кога се ќе се собере ефектот, дното на табелата е за еден од најсериозните кандидати за испаѓање.
Единствена светла точка засега е шпицот Андреа Петања, кој постигна шест гола, односно половина од вкупниот број погодоци на СПАЛ.
Аталанта е апсолутен фаворит и ќе типуваме дека сигурно ќе победи, и тоа и со предност на полувремето.
Предлог тип: 1-1&3+ (1.93)
Вест Бромич албион – Стоук (Шампионат лига, Англија, 21 часот)
ВБА нема победа во новата година, но и покрај серијата од пет меча без комплетен успех, сепак е лидер во втората по ранг лига во Англија.
Избраниците на Славен Билиќ последен пат им се радуваа на трите бода на 14 декември во Бирмингам. Сега е ред да победат на домашен терен речиси по месец и половина.
И Стоук не е во којзнае каква форма, но има две победи на последните пет меча. Некогашниот премиерлигаш изненадувачки бие битка за опстанок во Шампионат лигата, иако има неколку искусни фудбалери од деновите кога играше со најсилните екипи во Англија.
ВБА е фаворит и ќе типуваме дека ќе победи во тврд меч.
Предлог тип: 1 (1.90)