Стартна петорка на Полноќниот експрес: Мареј е минус, Рас, Лу, Харел и Богдановиќ ќе одат во плус

Џамал Мареј (НБА, Шарлот хорнетс – Денвер нагетс 01 часот)

Денвер бие битка за втората позиција во Западната конференција, а Шарлот го игра можеби и клучниот меч за плејоф, па очекуваме да се игра поцрвсто во одбраната бидејќи победата во оваа фаза од сезоната значи многу.

Шарлот има добра бековска линија и Розие, Мартин и соиграчите можат да го сопрат Мареј. Бекот на Денвер заедно со Никола Јокиќ се ударните игли на Нагетс, тим кој има извонредна сезона.

Ако Шарлот сака да се надева на подвиг, мора да го сопре тандемот Мареј-Јокиќ. Ќе типуваме дека Џамал нема да постигне повеќе од 19 поени.

Предлог тип: < 19.5 поени (1.80)

 

Расел Вестбрук (НБА, Хјустон рокитс – Лос Анџелес клиперс 02 часот)

Хјустон има чудна петорка и на последните мечеви настапуваат без класичен центар откако го трампаа Клинт Капела.  Експериментот на Ракетите не изгледа лошо, а и онака брзата игра, сега стана уште подинамична и поатрактивна. Тон и дава Олстар-тандемот Харден-Вестбрук, кои се меѓу најдобрите стрелци во Лигата.

Вестбрук одмори против Њујорк пред десеттина дена и се врати на паркетот со импресивни изданија. На следните три меча има просек од 33 поени, а на последниот натпревар со Клиперс постигна 40 поени и беше најзаслужен за победата од 122:117.

Очекуваме нов ефикасен меч на Рас и над 30 поени против тимот од Лос Анџелес.

Предлог тип: >30.5 поени (1.95)

 

Лу Вилијамс (НБА, Хјустон рокитс – Лос Анџелес клиперс 02 часот)

Ветеранот живее за големи натпревари и речиси секогаш е на потребното ниво, а како што игра комотно, може да конкурира за најдобар шести играч во Лигата.

Со доаѓањето на Реџи Џексон, малку му се намали минутажата, но Лу знае да биде опасен за секој ривал на Клиперс.

Вилијамс е еден од најдобрите шутери во НБА и може да погодува во серија, па границата од 15,5 поени не е превисока. Тоа го потврдува и просекот од 19,1 поен што го има сезонава. Во ефикасен меч каков што се очекува ноќеска во „Тојота центарот“, за Вилијамс воопшто не е проблем да ја мине поставената граница.

Предлог тип: > 15.5 поени (1.95)

 

Монтрел Харел (НБА, Хјустон рокитс – Лос Анџелес клиперс 02 часот)

Клиперс ќе се обидат да ја искористат предноста под кошевите против Хјустон, екипа што игра без класичен центар. Ваквата ситуација е како нарачана за одличниот Харел, кој иако е резерва, тој е еден од најдобрите кошаркари на тимот од Лос Анџелес.

Има одличен просек од 18,7 поени, многу е снаодлив во рекетот и Клиперс во него имаат златна резерва. Ивица Зубац е само формално стартен центар, а Харел има многу поголема минутажа и досега комплетно ја оправдува улогата кај Клиперс.

Очекуваме гостите ноќеска мудро да ја користат Ахиловата пета на Хјустон и често да играат преку Харел под кошевите, па ќе типуваме на плус поени.

Предлог тип: >15.5 поени (1.87)

 

Богдан Богдановиќ (НБА, Сакраменто кингс – Филаделфија 76, 04 часот)

Резервниот бек на Сакраменто игра одлично во последно време, а Кингс наредија три победи по ред. Се борат за пробив во Топ-8 во Западната конференција и кошевите на Богдановиќ се неопходни за да се оствари мисијата наречена настап во плејофот.

Богдановиќ е еден од најдобрите чисти шутери во НБА и кога е расположен, за него не е проблем да постигнува и 20+ поени на меч.

Просекот му е 14,4 поени, но на последните шест дуели за Сакраменто постигнува по 15 поени во просек. Ноќеска е неизвесен настапот на Деарон Фокс, Филаделфија е тим што игра слаба одбрана, па овој меч е како погоден за Богдановиќ да биде ефикасен и да им помогне на Кралевите да ги победат 76-те, кои ќе играат без двете ѕвезди Ембид и Симонс.

Предлог тип: >14.5 поени (1.90)

 

- Оглас -

Најнови вести