Полудо од ова не може: дадоа гол во 96-та, славеа влез во повисок ранг, публиката на терен, но… (Видео)

Вчера се одигра најневеројатниот натпревар кој може да се случи во фудбалот. Рочдејл и Јорк сити во директен дуел решаваа кој ќе биде првак на Националната лига и ќе оди во Лига 2 која е четврта по ранг во Англија.

Јорк имаше два бода повеќе и му беше доволно и реми за титула, а на домашниот Рочдејл работа му вршеше само победа.

Беше 0-0 до 96-та минута, а тогаш почна невидената драма. Рочдејл даде гол за огромна радост. Публиката влета на терен, се славеше околу осум минути. Мислеа дека одат во повисок ранг. Но, не беше крај. Судијата одлучи да се игра уште, и во 103-та минута Јорк даде гол, шокирајќи го Рочдејл. Така Јорк стана првак и оди во Лига 2, а Рочдејл мора да ќе игра плејоф.

- Оглас -

Најнови вести