Македонските ракометар(к)и заиграа „Пајдушко“, и странците пробаа да фатат чекор (Фото+Видео)

Слободниот ден на Светското училишно првенство во ракомет во Скопје беше искористен и за да се одржи „Вечер на нациите“ во хотелот „Холидеј ин“. Секоја од 20-те селекции презентираа дел од својата традиција и култура, преку настапи со свои препознатливи национални танци.

Шаренилото беше посебно интересно, младите се запознаа со танци од сите континенти, се претставија атрактивните Бразилци, Саудијци, Кинези.

На крај се појави македонската репрезентација која заигра „Пајдушко оро“.

На оро се фати и стручниот штаб на женскиот тим, дури и некои од странците се обидуваа да го фатат чекорот, па немаше место на бината, мораа да се симнат долу за тотална еуфорија во салата.

Натпреварите на првенството продолжуваат денеска. Момчињата играат со Саудиска Арабија, а девојките против Бразил.

- Оглас -

Најнови вести