Меки се мамузите на Сан Антонио за коњаницата на Кливленд

Кристапс Порѕингис (НБА, Далас маверикс – Индијана пејсерс, 00 часот)

Крилниот центар на Далас маверикс игра импресивно во последно време и просекот на последните пет меча му е точно 30 поени. Вкупниот сезонава е 19.7 поени, а има и 9.4 скока, па малку му фали првата сезона како кошаркар на Далас да ја заврши со дабл-дабл во просек.

Порѕингис има екстра-квалитети да биде ѕвезда во НБА лигата, а предност му е што може да игра и како крило и како центар, а патем има и одличен шут, па честопати знае да погодува и како бек.

Далас ноќеска ќе игра без три резервни играчи и веројатно и без двајцата стартери Хардавеј и Фини што ќе му отвори повеќе простор и минутажа на Летонецот.

Во единствениот меч сезонава против Индијана, Кристапс блескаше со 38 поени. Тоа му е личен рекорд сезонава, а постигна шест тројки, најмногу во кариерата на еден меч. Очекуваме слично издание од Летонецот и во втората пресметка со Пејсерс.

Предлог тип: >24.5 поени (1.87)

 

Домантас Сабонис (НБА, Далас маверикс – Индијана пејсерс, 00 часот)

И Литванецот има одлична сезона, со импресивните настапи стаса и до настап на Ол-Стар мечот и се промовира во еден од најдобрите млади играчи во НБА лигата.

Синот на славниот Арвидас Сабонис има дабл-дабл просек сезонава од 18.3 поени и 12.4 скока, а одигра одличен меч против Далас и постигна 26 поени со 12 скока, иако неговата Индијана беше поразена со 103:112.

Ноќеска гостите ќе бидат осетно хендикепирани без крилото Ти-Џеј Ворен, не игра ниту Џереми Лемб, а најавено е дека ќе отуствуваат и Малколм Брогдон и Даг Мек Дермот.

Неизвесен е и статусот на Виктор Оладипо, кој игра со намалена минутажа, па во ваква ситуација Сабонис би требало да биде лидер на тимот на вториот дуел со Далас во регуларниот дел од сезоната.

Предлог тип: >20.5 поени (1.87)

 

Бредли Бил (НБА, Вашингтон визардс – Мајами хит, 00 часот)

Бекот на Вашингтон игра неверојатно добра сезона и веќе го израмни вториот најдобар учинок во Источната конференција на Леброн Џејмс со 25+ поени на 21 меч по ред. Има шанса да го стаса и Ален Ајверсон, кој го држи рекордот со 27 натпревари во серија со 25-ка, или повеќе.

Бил сезонава имаше и неколку брилијантни претстави со над 50 поени и тој е движечката сила на Визардс, кои се уште се надеваат на настап во плејофот.

На последниот меч со Мајами, Бил постигна 38 поени, а особено добро игра во 2020 година и од него се очекува и ноќеска да биде првиот стрелец во тимот. Вашингтон заостанува за пет победи зад осмопласираниот Орландо меџик и секако ќе му треба Бил во најдоброто издание до крајот на сезоната, ако сакаат да учествуват во доигрувањето за титулата.

Бредли е втор стрелец во НБА сезонава со просек од 30.5 поени и очекуваме и ноќеска против Хит да оди над просекот.

Предлог тип: >30.5 поени (1.87)

 

Џими Батлер (НБА, Вашингтон визардс – Мајами хит, 00 часот)

Мајами има шанси да бие битка и за втората позиција во Источната конференција, но им требаат многу подобри игри на гостински терен. Имаат биланс од 13-19 на гостувањата и четири порази по ред кога не играат на свој терен.

Ноќеска првата ѕвезда на тимот, Џими Батлер треба да ја повлече машинеријата на Хит, во ситуација кога не играат бекот Хиро, крилото Краудер и центарот Леонард, што е голем хендикеп за гостите.

Батлер ужива кога игра против Визардс и на трите меча сезонава има просек од 26.3 поени. Редум им даваше по 24, 27 и 28 поени во дуелите по кои Мајами има предност од 2:1 во меѓусебната серија.

Очекуваме и ноќеска да продолжи кош-серијата на еден од најдобрите играчи во НБА лигата и нов ефикасен меч на Батлер.

Предлог тип: > 22.5 поени (1.87)

 

Кливленд кавалирс – Сан Антонио спарс (НБА, 00.30 часот)

Легендарниот тренер на Спарс, Грег Попович ја опиша играта во одбрана на неговиот тим против Бруклин како срамна, откако примија дури 139 поени од Нетс.

Некогаш црвстата одбрана беше симбол на Сан Антонио, а сега тимот е меѓу најслабите дефанзивни состави во НБА. Спарс и покрај се имаат шанси за настап во плејофот, но ако продолжат со тенката дефанзива тие ќе бидат само минимални.

Кливленд е последен во Источната конференција и е речиси без никакви шанси за подвиг и настап во доигрувањето за титулата. Тоа на некој начин им носи предност, бидејќи играат релаксирано, а во таков мод ноќеска го изненадија Денвер и славеа победа со 104:102.

За Коњаниците сезоната е пропадната, иако имаат солиден тим, па ќе се обидат со победи да го поправат впечатокот. Сан Антонио игра слабо без Лемаркус Олдрич, кој е повреден, а и Демар Де Розан не е во топ форма, па тука ќе бараме изненадување и ќе типуваме на победа на домашниот тим.

Предлог тип: 1 (2.60)

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести