ФФМ ја предаде донацијата од три амбулантни возила

Фудбалската федерација на Македонија денеска ги предаде во трајна сопственост трите амбулантни возила кои ги набави за потребите на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, и потпретседателот на Федерацијата, Лазар Ракиџиев, на директорот на Клиниката за хируршки болести, д-р Љубен Арсенков, и економскиот директор на Клиниката за хируршки болести, Нермин Шакири, им ги отстапија целосно опремените амбулантни возила, марка CITROEN JUMPER, кои ги набави ФФМ за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.

Исто така, даночните повластувања кои произлегуваат од Законот за спонзорства и донации, ФФМ нема да го поврати, напротив од него се откажува во корист на државата и фондот за борба против Ковид-19.

„Едноставно, ова се време и моменти кои нè потсетуваат дека здравјето на луѓето е најважно. Нашата социјална одговорност досега многупати била потврдена, тоа е еден од важните постулати во работењето на ФФМ и наша должност е да помогнеме со надеж дека ќе придонесеме во ублажување на последиците од оваа состојба, изјави претседателот на Федерацијата, Муамед Сејдини.

За донацијата од ФФМ се заблагодари доктор Љубен Арсенков, директорот на Клиниката за хирурушки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје.

„Денеска се ефектуираше најавената донација за три санитетски возила од Фудбалската федерација на Македонија кои што ќе бидат во сопственост на клиниката хируршки болести ‘Св. Наум Охридски’. Овие возила ќе ни бидат од големо значење во нашата секојдневна работа за транспорт на пациенти. Досега имавме возила кои се стари над дваесет години и ова освежување во возниот парк навистина ни значи многуизјави Арсенков.

- Оглас -

Најнови вести