Германскиот гигант брка победа за да се врати во Бундеслигата

Аталанта – Сасуоло (19:30 часот)

По три месеци страв и само лоши вести поврзани со опасниот вирус, во Бергамо повторно на сцена се враќа фудбалот. Аталанта е најпозитивното изнрнадување сезонава во Европа. Тимот кој стигна до четвртфиналето во Лигата на шампиони, кога се работи за мечевите од Серија А, мисијата е јасна. Повторно да се биде во Топ 4 и да се бидедел од европската елита и следната сезона.

Сасуоло е тим кој е сигурен на средината на табелата, а против гостите е традицијата. Аталанта победи на последните шест меча со овој ривал, а во последните 12 дуели, билансот е осум победи за екипата од Бергамо и четири нерешени. Аталанта го има убедливо најдобриот напад во Серија А, па погодоци сигурно треба да има.

Предлог тип:  1&3+ (1.71)

 

Астон вила – Челзи (17:15 ч.)

Кога играат овие два тима, головите најчесто не недостасуваат. На девет од последните 11 меча, имало барем по три гола, а една деценија не завршил меч без погодоци. Астон вила е претпоследен на табелата, но има само еден бод помалку од Вест хем кој е на позиција која носи спас.

За разлика од домаќините, Челзи има голем влог, односно мисија да се задржи четвртото место кое води излез во Лигата на шампиони. Затоа се очекува голема битка, на два тима со отоврен гард.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.75)

 

Нирнберг – Штутгарт (15:30 ч.)

Еден од најинтересните мечеви во Цвајте во Германија. Домаќините уште не се спасени од испаѓање, додека Штутгарт е во сосема поинаква ситуација. Со победа, гостите може да слават влез во Бундеслигата.

Нирнберг сезонава дома има само три победи во 16 меча и е втор најслаб домаќин. Штутгарт е лош гостин, но сепак, сега без присуство на гледачи, може да одиграат подобро. Четири победи и едно реми има Штутгарт во последните пет меча со Нирнберг.

Предлог тип: 2 (2.22)

 

Салцбург – Волфсбергер (17 ч.)

Најдобриот тим во Австрија не смее да си дозволи кикс на свој терен посебно ако се знае дека уште ја нема потврдено титулата. Салцбург дома имаат 11 победи во 13 средби во кои имаат постигнато дури 50 погодоци. Овие два тима играа пред само четири дена, кога Волфсбергер успеа на свој терен да ги одбие нападите на фаворитот и одигра без погодоци.

Сепак, сега Салцбург е домаќин и тешко дека противникот ќе успее 180 меча да издржи без да прими ниту еден гол.

Предлог тип: 1-1 (1.66)

 

Галатасарај – Газијантеп (20:00 ч.)

Пред своите навивачи Галатасарај е апсолутен фаворит, додека гостите немаат посериозен притисок за освојување на бодови затоа што се на средината на табелата. Одбраната е посилниот дел на гигантот од Истанбул, кој во првиот меч сезонава со 2:0 победи на гости.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.28)

 

- Оглас -

Најнови вести