Гранада стана опасен гостин по Корона кризата (Видео)

Гранада стана опасен гостин по рестартот на шпанската Ла Лига и го одигра и четвртиот меч на страна без пораз по пандемијата со Коронавирус.

Како гостин новиот прволигаш приреди изненадување во Сан Себастијан и го победи фаворизираниот Реал Сосиедад со 3:2.

Домингос Дуарте беше јунакот на тимот што сега се вклучи во битката за настап во Европа Лигата и тој го постигна победничкиот гол во 89. минута.

Претходно Антонио Пуертас погоди за водство на Гранада од 1:0 во 21. минута, а гостите имаа предност од 2:0 по првото полувреме.

https://www.youtube.com/watch?v=9UobSdc0BDg

Искусниот ветеран Роберто Солдадо искористи грешка на одбраната на домаќините во 43. минута, погоди и ја доведе Гранада на прагот на нова гостинска победа.

https://www.youtube.com/watch?v=Qwok21XkGZs

Сепак и Реал Сосиедад имаше свои сметки и веднаш на стартот од првото полувреме со погодокот на Микел Мерино намали на 1:2, а потоа и израмни со голот на Микел Ојарзабал.

https://www.youtube.com/watch?v=t-GgK3erivs

Голот на капитенот на домаќините не беше доволен за успех на Реал Сосиедад, бидејќи Дуарте погоди во претпоследната минута од регуларниот дел и ја донесе Гранада на 9. место со 50 бода, само еден помалку од Реал Сосиедад, кој е на седмата позиција, последна што води во Европа Лигата.

https://www.youtube.com/watch?v=EtXc8RZM8cM

- Оглас -

Најнови вести