Портланд не сака ризик и мајсторка – Го елиминираа Мемфис во уникатен меч во НБА

Портланд трејлблејзерс ќе игра против Лос Анџелес лејкерс во плејоф серијата од првото коло во Западната коференција, откако вечерва во директен дуел го победија Мемфис  гризлис со 126:122.

Се играше допонителен плејин меч меѓу осмопласираната и деветтата екипа на Западот, а Портланд стаса до посакуваната победа што го води во плејофот за титулата.

Демиен Лилард повторно беше расположен и со 31 поен и 10 асистенции успешно го предводеше тимот со досега најважната победа сезонава.

Си-Џеј Мекалум со 29 поени потврди дека Трејлблејзерс го имаат еден од најдобрите напаѓачки бековски тандеми во Лигата, а блескаше и Јусуф Нуркиќ.

Репрезентативецот на БиХ пред мечот дозна дека му почина бабата од корона-вирус, но најде мотиви да одигра страшно добар меч проткаен со 22 поени, 21 скок и шест асистенции.

Мемфис не успеа како послаборангиран тим да се избори за нов меч и мајсторка што би одлучувала за последниот плејоф патник во Западната конференција.

На Гризлис им требаа две победи против Портланд, односно мораа да избегнат пораз вечерва и во евентуална мајсторка што беше предвидена за утре пак да победат за да играат против Лејкерс.

Не им помогна ниту импресивната партија на тандемот Морант – Валанчиунас кои заедно постигнаа 57 поени. Морант даде 31 кош со 8 асистенции, а Валанчиунас имаше 22 поени со 17 скока.

Дилон Брукс уфрли 20 поени, но експедицијата на Мемфис си заминува од Флорида каде се игра НБА лигата по рестартот на сезоната.

Двојки, прво коло плејоф:

Западна коференцијаЛос Анџелес лејкерс – Портланд трејлблејзерс, Лос Анџелес клиперс – Далас маверикс, Денвер нагетс – Јута џез, Хјустон рокитс – Оклахома сити тандер.

Источна конференцијаМилвоки бакс – Орландо меџик, Торонто репторс – Бруклин нетс, Бостон селтикс – Филаделфија 76, Индијана пејсерс – Мајами хит.

- Оглас -

Најнови вести