Играч од Серија А и Ла Лига најави елиминација на Силекс, казна испорача и репрезентативец на Хаити (Видео)

Хаиме Ромеро погоди во 11-тата минута и му донесе предност од 1:0 на Карабах во Баку против Силекс по првото полувреме во првото квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите, а потоа во финишот на првото полувреме за 2:0 погоди и Вајлд-Доналд Гверие.

Ромеро, кој има искуство со настапи во италијанската Серија А за Удинезе и во шпанската Ла Лига за Гранада, рутински погоди во 11-тата минута по одличната асистенција на Озобиќ.

Домаќините веднаш по водечкиот гол имаа уште две шанси, а Силекс можеше да израмни во 20-тата минута, кога Дејан Тантуровски имаше одлична позиција, но биеше непрецизно.

Казната стигна во 40-тата минута, кога погоди репрезентативецот на Хаити, Вајлд-Доналд Гверие. Гостите од Кратово бараа да биде досуден фаул над голманот Божиновски, но судијата Козик од Украина покажа на центарот.

Во квалификациите за Лигата на шампионите се игра само еден, нокаут-меч, и ако Силекс не направи чудо во Баку во второто полувреме, ќе испадне веднаш на стартот од натпреварувањето.

- Оглас -

Најнови вести