2022 беше година на големи спортски трагедии и во која си заминаа вистински легенди како Пеле, Михајловиќ, Расел, Болитиери… (Видео)

Изминатите 365 дена на љубителите на спортот им донесоа голем број на убави спортски настани, но во исто време 2022 беше година во која си заминаа едни од најголените спортисти и се случија големи трагедии.

Кој крајот на годината, поточно на 29 декември, почина најдобриот фудбалер во 20-от век во изборот на ФИФА, како и еден од 100-те највлијателни личности во изборот на магазинот „Тајм“, Едсон Арантес до Насименто Пеле. Легендарниот Бразилец кој е единствениот фудбалер со три титули светски шампион, на 83 години ја загуби битката со тешката болест.

Пеле од 1956 до 1974 година настапуваше во Сантос, а кариератаја заврши во САД во тимот на Њујорк космос. Со Сантос освои шест титули во бразилскиот шампионат, два пати триумфира во Копа Либертадорес, а во текот на кариерата постигна дури 1.279 голови.

Битката со болеста, леукемија, на 16 декември ја загуби и Синиша Михајловиќ. Михајловиќ од 2018 година се бореше со тешката болест, успеа да издвојува неколку победи и дури да се врати на тренерската клупа во Болоња, но за жал ситуацијата му се влоши на почетокот од месецов и на 16 декември ја загуби најважната битка.
Со Црвена звезда триумфира во тогашниот Куп на Европски шампиони, а потоа играше и во Рома, Сампдорија, Лацио и Интер.

Најголемата фудбалска трагедија се случи во Индонезија за време на дербито меѓу Арем и Персебаја кога животот го загубија повеќе од 170 лица. Гостите славеа со 3:2, а незадоволните навивачи на домашниот тим упаднаана теренот по што дојде до панична реакција на гостите и следеше стампедо, но и бројни пресметки меѓу навивачите и полицијата и тоа однесе повеќе од 170 животи.

Натпреварот меѓу Камерон и Комори што се играше во јануари во Јуанде, ќе остане запомнет по смртта на осум навивачи откако обезбедувањето ги насочи навивачите кон порта која беше затворена. Тоа довесе до стампедо и големи турканици по што осум лица го загубија животот.

Светското фудбалско првенство во Катар беше главниот спортски настан во 2022 година, но и тоа не помина без контроверзи и трагедии. Според организациите за човекови права, загинаа повеќе од 6.500 луѓе работници мигранти кои работеа на изградба на стадионите. Исто така за време на СП починаа дури тројца медиумски работници, новинарот од САД, Грент Вал, локалниот фоторепортер Калид ал-Мусалам и техничкиот директор на ИТВ телевизијата, Роџер Пирс.

Љубителите на спортот не беа поштедени ниту од трагедиите поврзани со смртта на млади спортисти.

Младата фудбалерка Кејти Мајер си го одзеде животот на почетокот на март, а нејзиното семејство откри дека на самоубиството му претходела најава за дисциплинска постапка на Универзитетот Стенфорд, каде што студирала Мајер.

Во април во крајно бизарна несреќа животот го загуби талентираниот НФЛ играч, Двејн Хескинс. Тој загинал кога го удрил камион на автопатот по кој одел.

Поранешната НБА ѕвезда и кошаркар на Панатинаикос Адријан Пејн беше убиен на 9 мај, кога вооружен маж испука неколку куршуми кон него откако кошаркарот се обидел да интервенира во случај на семејно насилство на барање на пријателката на неговата девојка.

Дури тројца рагбисти починаа на бизарен начин. Кели Мефуа загина во Франција додека славеше победа со паѓање од мост, младиот Џек Џефри почина од удар што го доби за време на натпревар, додека Лиам Хемпсон беше пронајден мртов во ноќен клуб во Барселона.

Бразилскиот мајстор за боречки вештини Леандро Ло беше убиен во ноќен клуб во август, кога полицаец кој не бил на должност го застрелал Ло во главата.
Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Фреди Ринкон, загина во април кога неговиот автомобил удри во автобус во колумбискиот град Кали.

Во мај годинава почина и последниот селектор на поранешна СФРЈ, Ивица Осим, а а 27 август почина легендарниот голман на Партизан, Милутин Шошкиќ.

На 8 декември, животот го загуби поранешниот тренер на Партизан Миодраг Јешиќ во сообраќајна несреќа што се случи на патот меѓу Рума и Јарк.

На 28 април почина поранешниот кошаркарски репрезентативец на СФРЈ и на СРЈ, Зоран Сретеновиќ кој со Југопластика три пати стана европски шампион, а четири недели претходно почина Хрватот Петар Сканси, кого ФИБА во 1991 година го избра меѓу 50-те најдобри кошаркари на сите времиња.

На 31 јули на 88-годишна возраст почина и еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Бил Расел. Легендарниот центар со Бостон селтикс како играч освои девет шампионски титули, и уште две како тренер.

Во мај цел Балкан ја следеше драмата што се одвиваше во Словенија, кога поранешниот млад репрезентативец на оваа земја Роберт Певец ја убил својата сопруга пред очите на нивните деца.

На 30 април на 54 години почина еден од најмоќните фудбалски агенти, Мино Рајола. Еден од најмоќните луѓе во светот на фудбалот се грижеше за кариерите на Златан Ибрахимовиќ, Пол Погба, Ерлинг Халанд, Џанлуиџи Донарума, Марко Верати…

И тенисот загуби вистинска легенда, на 5 декември почина познатиот тренер Ник Болитиери кој ги откри и ги тренираше Марија Шарапова, Андре Агаси, Серена и Венус Вилијамс, Џим Куриер, Мери Пирс…

- Оглас -

Најнови вести