Кус ќе биде летот на Галебите од Брајтон против Ливерпул

1002 Брајтон – Ливерпул (Англија, Премиерлига, 13.30 часот)

Ливерпул има неверојатно успешна приказна во дуелите со Брајтон и серија од 8:0 во победи во оваа декада. Сите досегашни дуели што ги играа во Премиерлигата ги доби 19-кратниот англиски првак, а гол-разликата е 16:2 за Црвените од Енфилд роуд.

Избраниците на Јирген Клоп се уморни од нон-стоп настапи во англиското првенство и во Лигата на шампионите и тоа е се чини единствената шанса за изненадување на Брајтон.

Популарните Галеби немаат пораз на два меча по ред во Премиерлигата и ќе се обидат да останат непоразени и денеска, но се чини Ливерпул е преголем залак за нив. Иако ќе играат без неколку важни играчи, особено во одбраната гостите се апсолутни фаворити и ќе типуваме дека ќе победат.

Предлог тип: 2 (1.70)

 

3001 Сасуоло – Интер (Италија, Серија А, 15 часот)

Интер ги загуби шансите за пласман во нокаут фазата во Лигата на шампионите, па ќе фрли се на една карта, да се обиде да стаса до Скудетото.

Во Серија А сезонава ќе има голема битка за титулата, а Интере е еден од кандидатите заедно со уште неколку екипи. Сасуоло игра неверојатно добро во континиутет и се наожа на второто место со 19 бода, четири повеќе од денешниот ривал.

Со лидерот Милан и со актуелниот шампион Јувентус тоа се единствените три екипи што немаат пораз во Калчото по 8 кола.

Бога, Бердарди, Ѓуричиќ не се толку експонирани како фудбалски ѕвезди, но заедно со остатокот на тимот играат брилијантно за Сасуоло. Првиот стрелец Капуто веројатно ќе се врати во првиот состав, заедно со Дефрел, па Интер ќе има мака со офанзивниот дел на домаќинот.

Гостите ќе играат без Коларов, Весино и Наинголан, но тука се опасните стрелци Лукаку и Мартинес, што е најава за ефикасен меч.

Последните два дуели меѓу Сасуоло и Интер беа вистински голеади со вкупно 13 погодоци, па очекуваме нов атрактивен и ефикасен дуел.

Предлог тип: 2+I& 4+ (2.85)

 

1003 Манчестер сити – Барнли (Англија, Премиерлига, 16 часот)

И тука приказната е слилна во меѓусебните дуели како и кај Брајтон и Ливерпул, а Манчестер сити апсолутно доминира против Барнли.

Граѓаните имаат серија од шест победи по ред против денешниот ривал, а во таа низа гол-разликата е неверојатна и изнесува 23:1 за повеќекратниот англиски првак.

Барнли има јалов напад и успеа да постигна само еден гол на последните пет меча, па ориентацијата и денеска ќе биде да одигра тврд меч.

Сепак Манчестер сити неочекувано заглави во долниот дел на табелата и веќе заостанува за 8 бода зад водечкиот двоец Тотенхем и Ливерпул, па мора да одигра офанзивно против еден од омилените ривали во Премиерлигата.

Разликата во класа меѓу двата состави е голема и очекуваме домаќините уште во првото полувреме да ги разрешат дилемите околу победникот.

Предлог тип: 1-1 (1.53)

 

1004 Евертон – Лидс (Англија, Премиерлига, 18.30 часот)

Интересен дуел на две екипи што играат офанзивен фудбал, а на „Гудисон парк“ ќе ја гледаме третата најефикасна екипа во Премиерлигата, Евертон против третата најлоша одбрана на Лидс.

Карамелите во досегашните 9 кола постигнаа 19 гола, најмногу по Челзи и Ливерпул, а Лидс прими 17, па полош ефект имаат само Фулам и ВБА со по еден примен погодок повеќе.

Лидс сепак е освежување во англиското првенство и кам-бекот по 16 години го одбележа со неколку одлични партии фудбал.

Марсело Бјелса и Карло Анчелоти изненадувачки инсистираат на офанзивен фудбал, што не им беше баш карактеристика во текот на богатите и успешни кариери.

Очекуваме и денеска да не отстапат од офанзива и да има многу голови на „Гудисон парк“.

Предлог тип: 2+I& 4+ (3.55)

 

1703 Пари Сен Жермен – Бордо (Франција, Лига 1, 21 часот)

ПСЖ доживеа непријатен пораз во добиена ситуација против Монако и си дозволи луксуз од убедлива предност од 2:0 со два поништени голови да загуби со 3:2 во Кнежевството.

Актуелниот првак е се уште лидер во Лига 1, но сезонава ќе има потешка задача да ја продолжи серијата во домашното првенство, бидејќи конкуренцијата е посериозна.

Против Бордо популарните Светци играат одлично, противникот им лежи и се непоразени на 11 меѓусебни дуели по ред.

Последен пат Бордо славеше во 2015 година, а се потоа е во знакот на клубот од Париз. Во строј кај домаќините се и Мбапе и Нејмар и Ди Марија, па на ваква формација во нападот тешко дека ќе може да оддолеа и поквалитетен тим од Бордо.

Во февруари годинава двете екипи одиграа спектакуларен меч со 7 гола, а победи ПСЖ со 4:3, па можно е да гледаме нов ефикасен меч со нова победа на првиот фаворит за титулата во Франција.

Предлог тип: 1&3+ (1.45)

 

Квоти на денот во Sport Life се:

Брајтон – Ливерпул 2&2-4 (2.75)

Беневенто – Јувентус 2-2&2+ (2.45)

Реал Мадрид – Алавес Т1 1+I& T1 3+ (2.70)

 

 

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести